10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАWall Street: Индексите повторно забележаа рекорден скок

Wall Street: Индексите повторно забележаа рекорден скок

wall-stre-33

На Wall Street берзанските индекси достигна нови рекордни нивоа, а овој резултат се должи на големиот скок на цената во секторите на енергетиката и рударството, додека порастот на Facebook го поддржа технолошкиот развој.

Dow Jones бележи скок за 0,47 одсто, на 18.965 бодови, додека S&P 500 се зголеми за 0,75 отсто, на 2.198 и Nasdaq Composite индексот се зголеми 0,89 отсто, на 5.368 поени. Како што се зголеми и индексот на Russell 2000, компаниja со пониски капитализација, во понеделникот на сите четири големи американски индекси достигна рекордно ниво, што не е забележано од декември 1999 година.

Рекордот на S&P 500 индексот највеќе се должи на скокот на цените на акциите во енергетскиот сектор, за 2,2 одсто, додека рударскиот сектор бележи скок за 1,3 отсто. Инвеститорите всушност, се надеваат дека членовите на OPEC состанокот во крајот на ноември ќе постигнат договор за намалување на производството на нафта, со цел да се ублажи нерамнотежата помеѓу преголемата понуда и недостаток на силна побарувачката, по скокот на цената за барел на пазарот во САД која се зголеми речиси за 4 отсто.

И цените на акциите во банкарството, здравството и другите сектори бележат пораст, со оглед на тоа што се очекува да профитираат доколку новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ги исполни своите ветувања дадени за време на изборната кампања за намалување на даноците, зголемување на инвестициите во инфраструктурата и протекционизам во трговската политика.

„На пазарот постизборниот пораст продолжува. Оптимизмот за ветувањата на Трамп за олеснување на регулативата во одредени сектори и намалување на данокот продолжува да привлекува пари во акции на пазарот “, вели Баки Хелвиг, потпретседател на компанијата BB &T Wealth Management.

Според податоците на компанијата Investment Research, во изминатите осум дена во американските инвестициски акциски фондови се слејаа 45,7 милијарди долари, што е највисок раст во историјата.

Поради очекувањата дека политика на Трамп ќе го стимулира растот на инфлацијата, во последниве недели инвеститорите ги продаваат обврзниците, зошто нивните приноси растат, а воедно купуваат акции. Меѓу најголемите добитници се најдоа акциите на Facebook, со скок на цената од 4 отсто, бидејќи социјалната мрежа објави програма за реоткуп на акции на пазарот во износ од 6 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП