9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДоларот со највисока вредност од 2003-та година

Доларот со највисока вредност од 2003-та година

dollar_22

На светските девизни пазари вредноста на доларот достигна највисок раст во последниве 13 и пол години, со што се очекува Федералните резерви на САД да ја зголемат основната каматна стапка до крајот на годинава.

Односот на еврото кон доларот минатата недела падна за 2,5 отсто на 1,0590, американската валута зајакна и во однос на јапонскиот јен на 110,90 јени, што е највисоко ниво во изминативе пет години.

Зајакнувањето на доларот се должи на растот на приносот на америкаснките обврзници, со оглед на тоа дека се очекува зголемување на каматите од страната на Федералните резерви и зголемување на инфлацијата.

По победата на Трамп на претседателските избори, приносите на американските обврзници силно пораснаа , бидејќи неговите најавени политики , почнувајќи од протекционизам до воведување на високи царински стапки на увозните производи, преку вложување во инфраструктура до зголемување на фискалната потрошувачка и намалување на даноците, би можеле да ја зголемат инфлацијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП