28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИGoogle казнет поради Street View

Google казнет поради Street View

street view1

Германските власти ја казнија компанијата „Google“ поради неовластено собирање на голема количина на лични податоци од страна на нејзините „Street View“ возила, пренесуваат странските медиуми.

Иронијата е дека компанијата е казнета со 145.000 евра, сума која интернет гигантот ја заработува за една минута и десет секунди.

Утврдено е дека специјално опремените возила на „Google“ го снимале градот Хамбург помеѓу 2008 и 2010 година, собирајќи ги на тој начин податоците од куќните безжични мрежи.

Меѓу информациите кои ги собрале возилата се големи количини на лични податоци, е-маил адреси, фотографии, лозинки и сл.

Од „Google“ се подготвени на големи oтстапки, со цел компанијата да избегне поголема казна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП