10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАEFTA размислува за покана на Велика Британија по Brexit

EFTA размислува за покана на Велика Британија по Brexit

one-way22

Земјите од Европската асоцијација за слободна трговија (EFTA) размислуваат да испратат покана за влез на Велика Британија, откако земјата ќе ја напушти ЕУ. Тоа го коментира претседателот на Швајцарија, Јохан Шнајдер-Аман, цитиран од агенциите.

„Коментирајќи пред своите колеги дека ако Велика Британија размислува пристапување кон „EFTA“, Швајцарија ќе биде отворена за дискусии“, рече тој по состанокот на организацијата.

За време на седницата земјите членки на асоцијацијата (Исланд, Норвешка, Швајцарија и Лихтенштајн) ги разгледале односите со Велика Британија по заминувањето од ЕУ. Кралството е важен трговски партнер на „EFTA“ и стремежот ќе биде да ги задржат трговските и економските односи меѓу земјите, станува јасно од пораката на организацијата.

Потребно е да се постигне стабилност и предвидливост во односите кај новите околности околу статусот на Велика Британија, изјавиле уште земјите за време на нивниот состанок во Женева.

Членовите на „EFTA“ дискутирале уште и склучувањето на два трговски договори – со Индија и Индонезија во 2017-та година, како и напредокот во преговорите за слични договори со Малезија и Виетнам и започнатите разговори со Еквадор.

„EFTA“ почнала разговори и со земјите во Меркосур, што ги отвора вратите за склучување договор за слободна трговија во следните месеци.

Надвор од ЕУ организацијата склучила 27 договори за слободна трговија со 38 земји и територии. Малку над 12% од извозот на четирите земји во организацијата се насочени токму кон овие земји. Од нив пак доаѓа 7,5% од увозот на „EFTA“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП