17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСите бегаат, Google и Facebook се шират

Сите бегаат, Google и Facebook се шират

bitpix-facebook-v-google-hpmedium

Facebook планира да вработи уште 500 лица во Велика Британија во новата филијала која планира да ја отвори во Лондон.

За потребите на новата канцеларија, компанијата ќе го зголеми бројот на британски работници за 50 проценти.

Кога ќе се отвори канцеларијата следната година, компанијата планира да вработи вкупно 1.500 лица во Лондон.

„Велика Британија и понатака е едно од најдобрите места за централа на компаниите и претставува важен дел од историјата на Facebook“. Во Лондон дојдовме во 2007 година со само неколку луѓе. До крајот на следната година ќе имаме нова филијала и нови 1.500 работници“, изјави Никола Менделсон, шеф на Facebook за Европа.

Садик Кан, градоначалникот на Лондон, наведе дека ова е уште еден глас за доверба во Лондон.

Да се потсетиме, и Google минатата недела ги израдува Британците со најавата дека ќе гради ново седиште во центарот на Лондон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП