3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНегативните камати не го намалуваат интересот на Европјеците за штедење

Негативните камати не го намалуваат интересот на Европјеците за штедење

can_europe_save_euro_banknote_2020_500x293

Европејците сакаат да го чуваат вишокот на пари на штедни сметки, дури и ако каматата е нула или со негативната стапка. Ова го покажува истражувањето на најголемата компанија за наплата на долгови во Европа Intrum Justitia.

Негативните стапки не го намалуваат интересот во Европа за штедење. Околу 69 отсто од Европејците своите заштеди ги чуваат на банкарските сметки.

Истражувањето е базирано врз анкета спроведена во септември која вклучува 21.000 лица од 21 земја.

Истражувањето покажува дека 26 отсотод Европејците преферираат да ги чуваат вишокот средства во кеш во банка, а 16 отсто во акции. Само 14 отсто се насочени кон инвестициски фондови, 8 отсто инвестираат во недвижнии и 8 отсто во обврзници.

Во Данска и Шведска каде референтната каматна стапка е негативна , околу 80 отсто од луѓето го чуваат вишокот пари на банкарски сметки. Во Франција, Велика Британија и Холандија овој процент е над 80 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП