22 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗAudi го „убива“ стандардното производство (фото+видео)

Audi го „убива“ стандардното производство (фото+видео)

novo-proizvodstvo-audi

„Audi“ подготвува воведување на принципиелно нов систем за производство на автомобили. Од маркетинг одделот на компанијата соопштуваат дека во блиска иднина ќе воведат во употреба „паметни“ фабрики во кои производството ќе се одвива во неколку одделни секции, а ќе се користат специјално подготвени роботи за транспорт на елементите помеѓу складиштето и различните работилници и склопувања.

novo-proizvodstvo-audi-1

Во моментов повеќето производители користат „долги“ склопувања, во кои возилото поминува и работниците монтираат различни компоненти. Луѓето практично работат без прекин, кој од работниците бара максимално брза акција. И при грешка на некој од нив, се наметнува запирање на лентата што трупа загуби на компанијата.

novo-proizvodstvo-audi-2

Новиот пристап на „Audi“ се состои во следново – составувањето на возилото ќе се одвива во одделни делови кои не се поврзани во една заедничка линија. Роботите ќе се движат самостојно и ќе обезбедуваат транспортот на делови на автомобилите, а сето тоа ќе реализира во зададен распоред. Така на работниците нема да им се наметнува да брзаат премногу.

novo-proizvodstvo-audi-3

Во компанијата сметаат дека „паметните“ фабрики ќе решат неколку проблеми одеднаш. На пример, во една фабрика ќе можат да се составуваат големо количество автомобили, без да има разлика каква е нивната конструкција. Така истовремено ќе можат да се произведуваат како електрични, така и теренци и кросовери, или само еден модел во различни модификации.

novo-proizvodstvo-audi-4

Употребата на одделни делови ќе овозможи намалување на бројот на работници, кои сега се користат во производството. Во исто време брзината на составување на автомобилите ќе се зголеми. Очекувањата на „Audi“ се новата шема да почне да се употребува за околу 10 години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП