10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШојбле до Британците: Не го намалувајте данокот, се уште сте во ЕУ

Шојбле до Британците: Не го намалувајте данокот, се уште сте во ЕУ

21183077645833f4f25aa2c458347787_w640

Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле ја повика Британија да не го спроведува големото намалување на корпоративниот данок.

Тој наведе дека се додека Британија е членка на Европската унија таа мора да ги почитува прописите на европскиот блок.

На прашањето дали планот на Британија за намалување на корпоративниот данок би можел да предизвика нелојална конкуренција, Шојбле одговара:

„Британија се уште е членка на Европската унија. Значи обврзна е со европското право“, вели Шојбле.

Портпаролката на британската премиерка Тереза Меј изјави денес дека владата во Лондон веќе ги претставила мерките за намалување на корпоративниот данок на 17 проценти до 2020 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП