1 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАЌе доцни претставувањето на iPhone 5S

Ќе доцни претставувањето на iPhone 5S

ab

Претставувањето на телефонот на „Apple“- „iPhone 5S“ би можело да биде одложено до јуни поради проблемот со новата функција за скенирање на прстите која би требало да го замени сегашниот систем за отклучување на телефонот.

Еден од добавувачите од Тајван соопшти дека од „Apple“ се обидуваат да најдат материјал за премачкување на екранот кој нема да му прави пречки на сензорот за отисок на прстот и да не доведува до доцнење на оваа функција.

Покрај тоа неименуваниот добавувач на „Apple“ додаде дека компанијата во исто време прави и „ефтин“ телефон кој би им помогнал да привлечат поголем број на корисници на пазарите во Индија и Кина. Се очекува производството на еден мал дел од екраните за овие телефони да започне во мај, а пак масовното производство во јуни.

Двата телефони ќе користат ист екран од 4 инчи, но „ефтината“ верзија веројатно ќе биде правена без новата технологија за отисок на прстот и во скромно пластично куќиште.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП