28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМаглата ја намалува видливоста на неколку патни правци

Маглата ја намалува видливоста на неколку патни правци

magla-patista-33

Сообраќајот на патните правци низ државата, со исклучок на делницата Маврово – Дебар Р-1202 (Бошков мост – Косоврасти), се одвива без забрани, по претежно суви коловози. На овој патен правец, денес, сообраќајот ќе биде во прекин во периодот од 12:30 до 15:30 часот, а во зависност од потребите ќе бидат пропуштани само приоритетните возила (брза помош,противпожарна и полиција).

Авто мото сојузот на Македонија информира дека поради појава на магла намалена е видливоста на патните правци Скопје – Велес, Скопје – Миладиновци и Скопје – Тетово од 50 до 100 метри.

Од АМСМ ги предупредуваат возачите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од новопоставената сообраќајна сигнализација.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП