6 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНаучниците предупредуваат дека смртта од рак кај жените може да порасне за...

Научниците предупредуваат дека смртта од рак кај жените може да порасне за 60 отсто

beat-cancer

Според најновите истражувања, во земјите кои се послабо економски развиени, се дијагностицираат и се третиираат помал број случаи на рак, во споредба со оние земји кои се добро економски развиени.

Новите истражувања покажуваат дека до 2030 година, смртноста кај жените од рак може да се зголеми дури и до 60 отсто, покажува истражувањето спроведено во Париз, од страна на Американскотоздружение за рак и списанието Lanset, кое го истражува ефетктите од ова заболување.

Според нив, до 2030 година би можело да дојде до драстично зголемување на заболувањата од рак кај жените, и тоа најмногу рак на дојката, оваа бројка може да достигне до 2030 на глобално ниво околку 5,5 милиони жени заболени од рак.

На второ место, спред спроведеното статистичкот истражување, доаѓа заболувањето од рак на грлото на матката, кое може да се зголеми 25 отсто, односно 700.000 заболени жени годишно до 2030 година.

Овие болести повеќе им се заканува за оние земји кои имаат пониски приходи по глава на жител.

Од друга страна, пак, Американското здружение за рак тврди дека моментално во светот секоја седма жена умира од последиците од рак, што е втора најчеста причина за смртност, по кардиоваскуларните болести.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП