4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМеѓународни инвеститори заинтересирани за дел од новата руска железничката линија

Меѓународни инвеститори заинтересирани за дел од новата руска железничката линија

ruska-zeleznica-696x387

Инвеститори од Западот и Истокот пројавиле интерес за изградба на новата железничка линија од Москва до Казан, каде што ќе се одиграат дел од наптреварите од Светското првенство во фудбал во 2018 година. Три групи на инвеститори од Кина, Германија и Италија пројавиле најголем интерес.

Германската страна се состои од повеќе групации понудила околу три милијарди долари за изградба на дел од линијата, Пекинг понудил шест милијарди долари во кредитирање, додека групацијата од Италија уште нема конкретна понуда и е со партнерство со Руската железница.

Новата железничка линија ќе се простира 770 километри помеѓу Москва и Казан, ќе спојува 15 градови, со 200 милиони патници годишно.Возовите ќе достигнуваат брзини од 400 километри на час со што ќе резултира со намалување на времето на патување од 12 часа на три и пол часа.

Кинеската амбиција за овој проект се издигнува на повисоко ниво, тие планираат продолжување на патот од Москва до Казан со изградба на линија од Казакстан до Пекинг во должина од 7 000 километри и креирање на „Пат на свилата “ кој ќе ги поврзе западот и истокот.Со изградбата на овој проект патувањето од Пекинг до Москва ќе трае само 33 часа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП