4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБундесбанк очекува забрзан раст во Германија во последниот квартал

Бундесбанк очекува забрзан раст во Германија во последниот квартал

ge99

Индустрискиот сектор се очекува да ја отвори обновата на германскиот економски раст во четвртиот квартал по неколку слаби месеци, очекува централната банка Бундесбанк, цитирана од агенциите.

Се подобруваат ставовите, нарачките растат, а очекувањата се растот на вработеноста да продолжи. Ова, за возврат ќе ја поддржи најголемата економија во еврозоната, пишува во месечниот извештај на регулаторот.

„Во последниот квартал на 2016-та година растот во германската економија ќе биде значително посилен по привременото одложување во текот на летото“, посочуваат експертите. „Менталитетот во економијата се подобри значително. Ова важи особено за индустријата, каде се користи се поголем дел од капацитетот, а новите нарачки растат“, пишува во извештајот на Бундесбанк.

Стапката на раст на германската економија се забави од 0,4% во вториот квартал до 0,2% во третиот. Во првото тримесечје растот на квартална основа беше 0,7 отсто.

Според централната банка темелите на растот се отпорни.

Властите во Берлин ја зголемија прогнозата за растот во 2016-та година од 1,7% до 1,8%, што би било најдобрата нагла стапка на раст од 5 години. Во 2017-та година, сепак се очекува темпото да се забави до 1,4% поради слабата глобална трговија и последиците од одлуката на Велика Британија да ја напушти Европската унија.

Сепак според Бундесбанк изгледите пред вработување се значително подобрени, така се очекува невработеноста да се намали во следните месеци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП