10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРуската централна банка го зголемува количеството на злато

Руската централна банка го зголемува количеството на злато

img-299251

Во последните десетина години Руската централна банка ги зголемува резервите на злато. На почетокот од 2007 година обемот изнесувал 402 тони, за сега тој да биде трипати поголем.

Руските резерви на злато достигнаа 1583,2 тони злато, само во октомври тие се зголемени за рекордни 40,4 тони со вредност на берзата од 64,431 милијарди долари.

Во септември купила 15,6 тони, во август 21,8 тони, во јули 6,22 тони, јуни 18,7, во мај 3,1 тони, март и април по 15,6 тони, во февруари 9,3 тони и во јануари 21,8 тони злато.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП