9 декември, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПремиерот Груевски и владин тим во посета на Бразил, Аргентина и Мексико

Премиерот Груевски и владин тим во посета на Бразил, Аргентина и Мексико

nikola-gruevski-01-640x320

Македонска владина делегација, предводена од премиерот Никола Груевски, престојува во неколкудневна економско-политичка посета на Федеративната Република Бразил, Аргентинската Република и Соединетите Мексикански Држави.

Дел од владиниот тим се вицепремиерот и министер  за финансии Зоран Ставрески, министерот за привлекување странски инвестиции Веле Самак, директорот на Агенцијата за привлекување странски инвестиции и промоција на извозот, Висар Фида и владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.

Во тек на посетите, соопшти денеска прес-службата на Владата, македонската делегација ќе присуствува на повеќе организирани бизнис форуми на кои ќе бидат презентирани поволностите и предностите што Република Македонија ги овозможува на странските инвеститори за отворање и развој на бизнис.  Предвидени се и повеќе поединечни средби со претставници на комори и компании од овие земји кои покажуваат поизразен интерес за разгледување на опциите за инвестиции и за реализација на инвестиции во Македонија.

Премиерот Никола Груевски и членовите на владината делегација ќе остварат и повеќе политички средби на високо државно ниво со  претставници и носители на функции од политичкиот живот на Бразил, Аргентина и Мексико. Средбите ќе бидат во функција на продлабочување на односите помеѓу Република Македонија и Бразил, Аргентина и Мексико, нивно интензивирање, разговори во однос на регулирањето на правната основа за овозможување соработка  во сферите од заемен интерес, со акцентирање на можностите за зголемување на економската соработка, трговската размена и соработката на полето на инвестициите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП