10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрчката Влада е подготвена на големи отстапки во име на намалување на...

Грчката Влада е подготвена на големи отстапки во име на намалување на долгот

cipraz33

Грчкиот премиер Алексис Ципрас е подготвен на сериозен компромис во име на простување на дел од долгот на земјата, пишува „Катимерини“, повикувајќи се на свои извори.

Според изданието владата ќе се усогласи со барањата на доверителите за промени во областа на трудовото право, како и ќе го одложи враќањето на колективното договарање за висината на платите. Враќањето на колективните договори беше едно од ветувањата што го даде владејачката партија „Сириза“ во својата предизборна кампања, потсетува весникот.

Засега не е јасно дали Атина ќе ги прифати барањата на доверителите за мерките кои ги олеснуваат работодавачите при масовни отпуштања и построги барања, кои ќе ги попречат синдикатите да свикуваат национални протести.

Од Министерството за труд подготвиле предлозите за промени во трудовото законодавство и во моментов се очекува реакцијата на доверителите, покажуваат информациите на „Катимерини“.

Грција има кредити во износ од речиси 320 милијарди евра. Простување на дел од нив е стратегијата на „Сириза“ за одржливо управување на долговите, изјави во предизборната платформа.

Приемот на барањата на доверителите во име на оваа главна цел, сепак крие и доста сериозни ризици за стабилноста во управувањето на Ципрас. Прво тој ја ризикува реакцијата од „левите“ редови во политичка формација, кои веќе беа изведени пред доста искушенија, иако засега ќе ги прифатат барањата на доверителите.

Од друга страна, реформата на пазарот на труд е остро критикувана од општеството и со непопуларните промени „Сириза“ ќе продолжи да ја губи поддршката. Анкетите веќе покажале значителна предност на „Неа демократија“, ако изборите се одржуваат денес.

До редовните парламентарни избори има уште три години, но аналитичарите коментираат дека коалицијата меѓу „Сириза“ и „ANEL“ е пред распаѓање, која ќе стави крај и на владата на Алексис Ципрас, бидејќи ќе ја изгуби парламентарната поддршка. Така Грција ќе се соочува со нови предвремени избори.

Во меѓувреме, владата го подготвува и буџетот за 2017-та година. Очекувањата се дека проектот ќе биде доставен денеска (21-ви ноември) во парламентот. Според „Катимерини“ во документот е предвиден буџетски суфицит во висина од 1,8% од бруто домашниот производ на земјата.

Првичните планови на владата биле за вишок од 2% од БДП-то, но потоа беше одлучено да бидат вклучени дополнителни трошоци за социјална политика во износ од 300 милиони евра, додава грчкото издание.

Податоците за даночните приходи во септември и октомври оваа година се подобри од проектираните и тоа дава надеж дека плановите на Владата за 2017-та година се извршни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП