2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈапонскиот суфицит тежок 4,47 милијарди долари

Јапонскиот суфицит тежок 4,47 милијарди долари

radnici-japan

Јапонија забележа втор последователен трговски суфицит во октомври, покажаа денешните официјални податоци, иако тој е понизок од очекувањата бидејќи силниот јен го поткопа извозниот резултат.

Иако јенот ослаби во ноември поради изборната победа на Доналд Трамп во САД, јапонската валута минатиот месец и понатака беше за речиси 15 проценти над нивото во споредба со доларот во однос на истиот период минатaта година, што, според соопштението на Министерството за финансии во Токио, ја погодило вредноста на извозот на клучните производи како што се автомобилите и челикот, пренесува агенцијата Франс прес.

Слабите показатели на извозот сепак ги компензираше падот на увозот, при што најмногу опадна увозот на сирова нафта и течниот природен гас, наведува министерството.

Земјата оствари надворешно трговски суфицит од 496,2 милијарди јени (4,47 милијрди долари), според прогнозираните 610 милијарди јени во анкетата на Блумберг.

„Иако негативното чувство на силниот јен започна да бледее, годишната стапка на раст на вредноста и извозот и увозот опадна подлабоко „во црвено“ во последните месец дена, изјави Марсел Тиелијант, економист во компанијата Capital Economics.“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП