24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКој профитира од птичјиот грип?

Кој профитира од птичјиот грип?

ptichjigrip1

Новиот вид на птичји грип кој неодамна беше откриен во Кина, предизвика помешани чувства кај продавачот на зеленчук Сју Џалианга.

За Сју Џалианга, кој 20 години продава зеленчук во Вухана, главниот град на провинцијата Хубеи, вирусот е причина за загриженост, но и можност за заработка.

„Зелката која порано скапуваше, сега е хит“ рече Сју, додавајќи дека неодамна во еден ден продал повеќе од 50 тони зелка, два пати повеќе од пред два месеци.

Општинското биро за цена на производите за широка потрошувачка, соопшти дека цените на зеленчукот пораснале од крајот на март, кога бил пријавен првиот случај на зараза со вирусот Х7Н9, новиот вид птичји грип од кој од тогаш починаа 20 лица, а 102 заболеа.

Вирусот влијаеше на производителите на пилешко место, рестораните кои го продаваат, па дури и на производителите на топчињата за бадминтон, за чие производство се користат птичји пердуви.

Официјалните податоци покажуваат дека губитоците за одгледувачите на живина преминале 3,7 милијарди јуани (593 милиони долари).

Другите сектори, сепак, имаа корист од овој вирус – покрај продавачите на зеленчук, профитираа и продавачите на традиционалните кинески лекови.

Во главната продавница за лекови од традиционалната медицина во провинцијата Џангаси, цената на преработен корен од исатис, пораснала од 13 на 22 јени, додека преработените нокти од орли се распродадени по првите пријавени случаи на зараза – постојат верувања дека двата производи можат да спречат појава на птичји грип.

Леи Да, еден од директорите на продавницата Тјанчитанг, рече дека таа компанија внимателно ја следи состојбата со заразата, за да утврди дали да ги зголеми залихите на тие два производи.

Осигурителните компании, исто така, ја користат можноста за да ја зголемат заработката. Една од најголемите осигурителни компании, Пинг Ан, нуди осигурување за птичјиот грип, за кое нуди надокнада од 20.000 јуани за клиентите кај кои ќе се открие оваа болест.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП