18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКакви ќе бидат работните места на иднината и што се „тезги на...

Какви ќе бидат работните места на иднината и што се „тезги на економијата“?

ludilo-kancelarija

Работните места на иднината можеби нема да имаат фиксно работно време, платен годишен одмор, платено боледување или пензии, најави британскиот министер за труд и пензиски систем Дамјан Грин говорејќи за новиот тренд и промените кои според него имаат голем потенцијал.

„Пред само неколку години вистинската работа значеше месечна плата, со фиксно работно време и платено боледување“, вели Грин, па нагласи како новиот тренд – т.н. „тезги на економијата“ (gig economy) се промени, па луѓето сега може да изберат на кого ќе го отстапат своето време, но и каков ќе биде нивниот работодавец, какво ќе биде работното време, каде ќе биде канцеларијата…

Како што пишува „Independent“, „тезги на економијата“ е идеата со која промената во технологијата постојаните работни места ќе ги направи застарени, па се повеќе луѓе ќе бидат самовработени. Зголемувањето на самовработените луѓе во последните години исто така ги следат и нивните мали приходи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП