17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИрак ќе предложи намалување на понудата на нафта

Ирак ќе предложи намалување на понудата на нафта

nafta-irak3-43

Ирачката влада на престојниот состанок на членки на ОПЕК закажан на крајот од месецот ќе предложи ограничување на производството на нафта, со цел да се зголемат цените.

Ирак исто така ќе се обиде да ги обедини членките за да го испочитуваат договорот од Алжир за намалување на нафтените квоти, пренесуваат светските агенции.

Ирак би можел да побара да биде исклучен од рестрикциите на ОПЕК со цел да ја продолжи војната против терористичката организација Исламска држава, но исто така и Нигерија и Либија би можеле да побараат исклучување од ОПЕК.

Организацијата на земјите извознички на нафта и нафтени деривати на состанокот во Алжир на 28-ми септември се обврза за намалување на квотите, прв пат по 2008-та година, но не се договорија кој колку од членките ќе произведува.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП