18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПонеделнички најзагадено во Лисиче

Понеделнички најзагадено во Лисиче

skopje1

Во понеделник наутро, според мерењата на Министерството за животна средина од скопските општини најзагадено е во Лисиче со измерени 167,71 микрограми на метар кубен ПМ10 честички, следи Карпош со 154,39, Ректорат 152,76, Центар 143,81, Гази Баба 138,31 и Миладиновци 135,59 микрограми.

На мерните станици низ земјава најзагадено според мерењата утрово е во Битола со 94,07, Тетово 92,60, Куманово 80,09, Велес 75,82, Кичево 71,32, Кавадарци 70,84 и Кочани 60,67 микрограми.

Во изминатите 24 часа највисоките измерени концентрации на ПМ 10 честичките се движеле од 660,14 во Куманово, 535 во Лисиче, 472 кај Ректорат, 370 во Битола, 348 во Гази Баба, 345 Тетово, 341 во Карпош, Кавадарци 287,52, Миладиновци 258, Велес 236,75, Кичево 223,24, Кочани 215,13, Центар 193 микрограми.

Во текот на викендот највоските концентрации се измерени во Гази Баба кои достигнале 959,99 микграограми на метар кубен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП