28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSymantec го купува LifeLock за 2,3 милијарди долари

Symantec го купува LifeLock за 2,3 милијарди долари

lifelock-acquired-by-symantec1

Откако во текот на летото американскиот концерн за онлајн безбедност „Symantec Corp“ го купи конкурентот „Blue Coat Inc“ за 4,65 милијарди долари, сега ред е нова зделка. Концернот најави дека ја купува „LifeLock Inc“, компанија која обезбедува услуги за заштита на кражба на идентитет, за 2,3 милијарди долари, во договор со кој се надева да ја засили продажбата во единица за сајбер безбедност „Norton“, пренесува „Ројтерс“.

Софтверот за безбедност на „Symantec“ често се инсталира во персоналните компјутери. Како резултат на тоа, компанијата неодамна забележува опаѓање на продажбата, бидејќи корисниците повеќе ги користат мобилните уреди од традиционалните компјутери. Додека „Norton“ останува профитабилна единица, приходите од продажбата паѓаат.

„„Norton“ опаѓа со падот на уделот на пазарот на „PC“ уредите. Оваа аквизиција ќе донесе 660 милиони долари приходи за корисничкиот бизнис и ќе го врати на одржлив раст“, изјави во интервју за „Ројтерс“, главниот извршен директор на „Symantec“, Грег Кларк.

Агенцијата објави уште во текот на минатата недела дека „Symantec“ води во преговорите за „LifeLock“. Меѓу останатите заинтересирани беа и финансиските инвеститори „Permira“ и „TPG.“, пренесува „Bloomberg“.

Договорот на „Symantec“ е во склад со напорите на компанијата да го прошири своето портфолио. Во август таа ја купи „Blue Coat Inc“, кој им помага на фирмите да ја задржат безбедноста на интернет, во зделка за 4,65 милијарди долари. Дотогаш Кларк го заземаше вишиот менаџерски пост во „Blue Coat“, и ги смени работните позиции по завршувањето на трансакцијата.

Компанијата со седиште во Темпе, Аризона, „LifeLock“ нуди услуги како што се следење на сметки и поврзани со кредитние апликации за да ги предупредува корисниците при неовластено користење на нивниот идентитет. Таа исто така работи со владини агенции, трговци и кредитори, за да ја ограничи кражбата на идентитет.

Фран Рош, извршен потпретседател за единица „Norton“, вели дека „Symantec“ напредува во бизнисот со безбедноста на идентитетот, но е многу далеку од 4,4 милиони корисници на „Lifelock“.

lifelock-acquired-by-symantec

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП