17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМагла на патните правци Скопје-Велес и Скопје – Гостивар

Магла на патните правци Скопје-Велес и Скопје – Гостивар

magla-patista-33

Намалена видливост поради појава на магла, има на патните правци Скопје-Велес и Скопје-Тетово-Гостивар, предупредува Автомото сојузот на Македонија.

Според податоците од таму, намалена видливост поради магла на патниот правец Скопје-Велес има од 50-100 метри, додека на патниот правец Скопје-Тетово-Гостивар видливоста е уште помала, 30-50 метри.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно низ клисурите, каде постои можност за појава на одрони кои наместа може да го попречат движењето на возачите.

Од 15-ти ноември на сила стапи законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март 2017 година.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП