3 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБританија ќе инвестира 1,3 милијарди фунти во својата патна инфраструктура

Британија ќе инвестира 1,3 милијарди фунти во својата патна инфраструктура

londa3

Во среда британскиот министер за финансии Филип Хамонд ќе претстави инвестициски план за помош на производствената активност, како и програма во вредност од 1,3 милијарди фунти (1,6 милијарди долари) за подобрување на британските патишта во првото составување на буџетот како министер за финансии, пишува „Bloomberg“.

Со подготовката на Владата да ја објави индустриската стратегија во следните недели министерот за финансии ќе ги објави планираните трошоци за инфраструктура и иновации, како и мерки за помош на семејства со многу ниски примања.

Хамонд исто така ќе претстави новата фискална рамка која ќе и овозможи на владата да одговори на потенцијалните економски шокови, во позадина на преговорите за излез на Велика Британија од Европската унија (ЕУ). Тој истакна дека за разлика од својот претходник Џорџ Озборн, фискалната политика ќе постави потесни цели, фокусирани на економската политика.

Инвестициите во патната инфраструктура на Велика Британија се дел од приоритетните проекти кои ќе имаат веднаш одраз и можат брзо да бидат реализирани, коментираат од Министерството за финансии. Пресметки покажуваат дека неуредените патиштата ги чинат домаќинствата над 13 милијарди фунти годишно.

Предлозите на Хамонд ќе вклучуваат 1,1 милијарди фунти за решавање на сообраќајниот метеж и подобрување на локалните патишта, како и јавниот транспорт, и 220 милиони фунти за справување со проблемите на автопатите и патните артерии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП