21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАБез забрани и застои во сообраќајот

Без забрани и застои во сообраќајот

soobrakajotkja

Сообраќајот на патиштата низ државата се одвива без забрани, со исклучок на патниот правец Маврово – Дебар Р-1202 (Бошков мост – Косоврасти) каде поради асфалтирање на патот, сообраќајот ќе биде во прекин во периодот од 12:30 до 16:30 часот, а во зависност од потребите ќе бидат пропуштани само приоритетните возила (брза помош,противпожарна и полиција).

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно низ клисурите, каде постои можност за појава на одрони кои наместа може да го попречат движењето на возачите.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Потсетување за возачите дека од 15. ноември на сила стапи законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.март 2017 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП