Администрацијата на американскиот претседател Барак Обама забрани дупчење за нафта на Арктикот на период од најмалку пет години.
Оваа одлука е многу значајна победа за еколозите кои со години се борат за запре дупчењето.
Оваа забрана може да ја повлече новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, кој претходно најави дека ќе ги намали дупчењата во море.
Дупчење ќе биде дозволено во делови на Аљаска и во неколку подрачја на Мексиканскиот залив.
Според планот за периодот од следната до 2022 година, дупчење ќе биде забрането во Чукотското и Бофортовото море кај северните брегови на Аљаска.