7 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗШефот на AMG ја откри моќноста на моделот со мотор од Формула...

Шефот на AMG ја откри моќноста на моделот со мотор од Формула 1

letecki

Идниот суперавтомобил на „Mercedes-AMG“ ќе биде опремен со мотор од болид од Формула 1 со моќност од 1000 КС и ќе има систем за погон на четири тркала и технологија за обновување на енергијата од сопирачките и турбината, соопшти за изданието „Autocar“, Тобиас Моерс – шеф на „Mercedes-AMG“ за време на автосаемот во Лос Анџелес.

На овој начин, менаџерот на „AMG“ ги демантираше неодамнешните гласините дека моделот ќе има 1300 или 1500 КС. Моерс потврди користење на хибриден систем, во чија основа ќе биде 1,6-литарски V6 турбо мотор од сегашните болиди на „Mercedes“ во Формула 1. Тој ќе биде дополнет од системите за обновување на енергијата „MGU-H“ и „MGU-K“. Првиот ќе биде одговорен за обновување на енергијата од турбините, а вториот за кинетичката енергија, која се излачува од системот за сопирање.

Бензинскиот мотор ќе ги придвижува задните тркала, додека двата електромотори ќе бидат ставени на предната оска. За погонот на четири тркала ќе одговара посебен систем кој се развива во моментов. Сите овие технологии ќе овозможат постигнување на висока ефикасност на погонскиот агрегат – сериозна моќност при ниска потрошувачка на гориво и ниски нивоа на штетни гасови. Најголемиот проблем во моментот е калибрација на тркачките системи за цивилна употреба.

Шефот на „Mercedes-AMG“ додаде дека се предвидува моделот, кој ќе биде изграден на карбонски монокок, да биде произведен во серија од 200 до 300 примероци. Премиерата на автомобилот ќе се одржи во 2018-та година, а цената ќе надминува 3 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП