20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКако Брегзит влијае на Европската економија

Како Брегзит влијае на Европската економија

znaminja9944
Стапката на раст на бруто домашниот производ (БДП) на Европската унија во третиот квартал годинава, по британската одлука за напуштање на 28-члениот сојуз, пораснал стабилно, за 1,8 отсто, а во еврозоната за 1,06 отсто.

Според објавените податоци, во самата Велика Британија на годишна основа БДП-то се зголемило, од 2,1 отсто во вториот квартал, на 2,3 проценти во третиот квартал. Тоа се објаснува со фактот дека негативните ефекти од Брегзит уште не се случиле, бидејќи Лондон уште не поднел барања за напуштање на ЕУ, девалвацијата на фунтата која се случи поради зголемување на конкурентноста на британската стока.

Меѓу големите земји од еврозоната продолжува да води Шпанија, нејзината економија порасна за 3,2 отсто. Стабилизирана е и ситуацијата со балтичките земји и во Финска. Во Литванија БДП порасна на годишна основа за 1,6 отсто, во Финска со 1,4 проценти, во Естонија со 1,3 отсто, во Латвија со 0,7 отсто.

Меѓу другите поранешни кризни земји од еврозоната, економија на Кипар расте со 2,8, како и Португалија со 1,6 проценти, дури и Грција достигна раст 1,5 отсто.

Трите најголеми економии во еврозоната темпото на растот на Германија е 1,7 отсто, 1,1 во Франција и 0,9 оотсто во Италија.

Стапката на БДП се намалила од јули до септември во повеќето земји од ЕУ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП