23 април, 2025
ПочетнаКУЛТУРАФилателистичка изложба „Македонија и меѓународната заедница – 25 години независност…“

Филателистичка изложба „Македонија и меѓународната заедница – 25 години независност…“

vmro-muzej33

Филателистичката изложба „Македонија и меѓународната заедница – 25 години независност на Република Македонија“, ќе биде поставена во сабота напладне во НУ Музеј на македонската борба.

Изложбата, што е по повод 25 години од Декларацијата за меѓународно признавање на Република Македонија како независна и суверена држава, содржи богат картофилски материјал од збирката на д-р Бранислав Светозаревиќ, посветена токму на најважните збиднувања во изминатие години од независноста до денес.

Збирката се состои од пригодни коверти, ФДЦ – коверти (прв ден на издавање), патувани и службени коверти, покани, разгледници и други материјали.

Д-р Бранислав Светозаревиќ (1966г.) е истакнат автор на околу 30 научни трудови од областа на историјата, архивистиката, музеологијата, етнологијата и културата. Реализирал повеќе од 22 фотографски, филателистички и картофилски изложби на теми од историјата, културата и спортот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП