26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГолемите зделки ги поддржаа резултатите на Salesforce

Големите зделки ги поддржаа резултатите на Salesforce

saleforce333
„Salesforce.com“ објави дека прогнозира приходи за тековниот квартал, кои се над очекувањата на аналитичарите, додека ги завршува зделките за својот во „облак“ софтвер за маркетинг и продажба со голем број на големи клиенти. Веста ги испрати акциите на компанијата со 5% нагоре за време на проширената трговија, пренесува „Ројтерс“.

Во последните квартали компанијата со седиште во Сан Франциско предвиде двоцифрен раст, додека се насочува кон поевтини и полесни за користење „облачни“ производи, но се соочува со се поголема конкуренција од „Oracle“ и „Microsoft“.

Резултатите бележат голема промена во однос на претходниот квартал, кога пониската од очекуваната прогноза за приходите ги загрижи дали растот не се забавува. Но во последниот период компанијата завршила голем број на големи трансакции, вклучувајќи такви со „Citigroup“ и „Amazon“.

Приходите, кои се клучна метрика кај компаниите кои нудат софтвер со претплата, се зголемија за 23% до 3,5 милијарди долари во третиот квартал. Просечната прогноза на аналитичарите беше за 3,42 милијарди долари според компанијата за студии „FactSet StreetAccount“.

Главниот извршен директор Марк Бениоф ги проширува „облачните“ предлози на компанијата преку нови функции и се фокусира повеќе на вештачката интелигенција.

Претходно оваа година компанијата размислуваше за купување на „Twitter“, но се откажа од поднесување на понуда во текот на минатиот месец во позадина на несигурноста на инвеститорите за состојбата на платформата за микроблогирање.

„Salesforce“ исто така загуби при наддавањето за „LinkedIn“ од „Microsoft“.

За тековниот квартал „Salesforce“ вели дека очекува приходи од 2,27-2,28 милијарди долари, што е над просечната прогноза на аналитичарите за 2,24 милијарди долари.

Ако се исклучат некои ефекти, компанијата добила по 24 центи по акција во третиот квартал, надминувајќи ги очекувањата на аналитичарите за 21 центи по акција според „Thomson Reuters I/B/E/S“.

Приходите се зголемија со 25,3% до 2,14 милијарди долари. Аналитичарите очекуваа износот да е 2,12 милијарди долари.
Нето загубата се зголемила до 37,3 милиони долари, или 5 центи по акција во кварталот, кој заврши на 31-ви октомври од 25,2 милиони долари, или 4 центи по акција, од пред една година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП