18 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕТоник за вашата кожа и коса за 0 денари - го користат...

Тоник за вашата кожа и коса за 0 денари – го користат најубавите жени во светот

sminka-lice-skidanje-sminke-ciscenje-foto-profimedia-1470430650-963489

Оризовата вода веќе со векови наназад ја користат жените од Азија за да ги негуваат своите коса и кожа. Овој природен тоник прави кожата да биде мека, а може да „игра“ и улога на балзам за вашата коса. А толку едноставно може да го направите и сами…

Оризот содржи „питера”, покрај мноштвото од витамини и минерали. Питера е супстанца која е одлична за ревитализација на кожата и притоа го враќа нејзиниот природен сјај. Ја користат во многу скапоцени производи за нега на кожата. Некои од вас веројатно слушнале и за SK-II (дел од најскапите производи за убавина на пазарот), кој исто така ја содржи токму оваа супстанца.

pirinac-foto-shutterstock-1443262309-748963

За да направите сами оризова вода, неопходен ви е органски ориз, филтрирана вода и една тегла. Прелијте и покријте половина шолја ориз со вода. Оставете го оризот да отстои така неколку минути, додека водата да стане бледо бела. (Пред ова оризот можете убаво да го измиете, ако мислите дека сепак не е чист. И тоа е тоа.

Овој тоник за лице може да го користите исто како и секој друг тоник. Префрлете го во чист сад стаклен сад и чувајте го во ладилник, при што рокот на траење е од 4 до 5 дена. Тоникот може да го направите и такашто оризот ќе го сварите во вода (ставете малку повеќе вода отколку кога вообичаено го варите оризот). Кога оризот е сварен, процедете ја водата и користете ја како тоник за кожата и косата.

За да ги намалите порите и да му го вратите здравиот сјај на лицето, исчистете го токму со овој тоник. Натопете памучен тупфер со оризова вода и натапкајте го лицето со тоникот. Може да исечете и парче памучна ткаенина којашто може да ја искористите за да си направите третман на лицето, такашто ткаенината ќе ја натопите во тоникот, а потоа ќе ја оставите да отстои неколку минути на лицето.

article__5b938136d914b77d7ab24f1c59f7500e

Зрната ориз може да ги користите и за пилинг на кожата. Само натопете ги и со ракавица нанесете на телото и масирајте.

Оризовата вода е одличен балзам за вашата коса. После миењето на косата, натопете ја со оризова вода, оставете ја да делува неколку минути, а потоа исплакнете. Оризовата вода може и да ја пиете. Таа дава енергија, полна е со јаглени хидрати, а содржи и есенцијални аминокиселини. Различни видови на ориз содржат и различни видови на витамини и нутритиенти, па најдобро е да го пронајдете оној вид којшто најмногу ќе ви одговара.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП