27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусите го одобрија штедењето, се чека потпис од Путин

Русите го одобрија штедењето, се чека потпис од Путин

1187786587582f238c963c2056938635_w640

Рускиот парламент вчера, на првото читање, го одобри нацрт-буџетот за 2017 -2019 година, со кој се предвидува намалување на потрошувачката во клучните сектори.

За нацрт-буџетот во Државната Дума гласаа 334 пратеници, додека 100 беа против, пренесува агенцијата Франс прес.

Потребно е, сепак, да пројдат уште две читања пред да го одобри Сенатот и претседателот на Русија Владимир Путин, кој, како што потсетува АФП, даде ветување дека ќе ги држи финансиите под контрола и покрај остриот пад на цената на енергентите.

Целта на нацрт-буџетот е да се намали буџетскиот дефицит на 3,2 проценти од бруто домашниот производ (БДП) во наредната година, на 2,2 проценти во 2018 година, и на 1,2 проценти од БДП во 2019 година.

Со нацрт-буџетот се предвидува и намалување на војната потрошувачка на 2,9 проценти од БДП до 2019 година во однос на актуелните 4,7 проценти.

Економистите стравуваат дека намалувањето на потрошувачката би можело да ги загрози напорите на Русија да излезе од двегодишната рецесија предизвикана од западните санкции и ниските цени на енергентите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП