18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДраги не е оптимист, најави нови мерки

Драги не е оптимист, најави нови мерки

2790

Претседалот на Европската централна банка Марио Драги изјави дека колебливото закрепнување на еврозоната и понатака на големо се потпира на ултралабавата монетарна политика на ЕЦБ.

„Не можеме да бидеме оптимистични во поглед на економските перспективи“, изјави Драги на една банкарска конференција во Франкфурт, пренесува агенцијата Франс прес.

Геополитичките ризици, анемичната инфлација и прекумерното потпирање на политиката на ЕЦБ за евтини пари, како што вели, се фактори кои ги стемнуваат перспективите за раст во еврозоната.

Неговите коментари, како што оценува АФП, ги погреаа шпекулациите дека ЕЦБ на наредниот состанок на 8-ми декември ќе најави прошируање на програмата за месечен откуп на обврзници, кои во моментот изнесуваат 80 милијарди евра.

Иако инфлацијата во еврозоната достигна двегодишен максимум во октомври од 0,5 проценти, таа и понатаму, како што вели Драги, е далеку од целта на ЕЦБ од нешто под два проценти.

„Европската централна банка ќе продолжи да делува, користејќи ги сите достапни инструменти во рамките на својот мандат со цел инфлацијата да ја зголеми на тоа ниво“, истакна Драги.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП