2 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПолска додели 1,8 милијарди eвра за затворање на неконкурентни рудници

Полска додели 1,8 милијарди eвра за затворање на неконкурентни рудници

rudnici-33

Полска ќе затвори неконкурентни рудници за јаглен, станува јасно од пораката на Европската комисија. За оваа цел државата ќе додели помош во износ од 7,95 милијарди полски злоти (околу 1,79 милијарди евра). Мерката беше одобрена од Европската комисија (ЕК).

Доделувањето на државна помош за затворање на рудниците за јаглен е во склад со европските правила. Целта е обезбедување на социјална поддршка за вработените во рудникот, кои ќе останат без работа.

Полската влада побара известување за плановите за доделување на државна помош во септември 2016-та година. Со распределените средства треба да биде гарантирано нормалното одвивање на процесот.

Државната помош за затворање на рудниците за јаглен е дозволена согласно одлуката на Советот од 2010-та година. Така се промовира затворањето на рудници за јаглен, одговорни за загадување на животната средина.

Со финансиска поддршка од државата се потпомагаат вработените во рудниците кои губат работа и се финансираат активности за реконструкција на животната средина и рекултивираните рудници.

Мерката сепак може да се применува за рудници, кои покриваат активности до крајот на 2018-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП