2 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУСАИД започнува проект за јакнење на граѓанското општество и зголемување на вклученоста...

УСАИД започнува проект за јакнење на граѓанското општество и зголемување на вклученоста на младите

usaid-99

Американската Агенција за Меѓународен Развој (УСАИД) во петокот го започна Проектот за граѓанско учество (CEP), петгодишна иницијатива за поддршка на македонскиот граѓански сектор и младинските организациикои ги вклучуваат граѓаните, приватниот сектор и владините институции и засегнатите страни за прашања од јавен интерес.

Проектот ќе ги поддржи граѓанските организации и коалиции на граѓански организации фокусирани на приоритетни прашања од интерес на граѓаните на Македонија; ќе им помогне да го промовираат дијалогот; ќе организира едногодишна LEAD (Водство, Учество, Акција, Развој) програма која ќе им овозможи на мотивираните млади луѓе, вештини за да работат во рамките на нивните заедници. Исто така, LEAD ќе им овозможи на младите мажи и жени учество во јавниот живот и процесот на донесување одлуки за прашања кои влијаат на нивниот живот, заедниците и воопшто на македонското општество.

Директорот на канцеларијата за развој на УСАИД, Едвард Гонзалес, истакна дека: “Преку Проектот за граѓанско учество младите и граѓанските организации ќе се здобијат со знаење, мотивација, вредности и ќе развијат вештини кои ќе им овозможат активно да се вклучат во дијалогот со власта и приватниот сектор во акции кои ја промовираат добросостојбата во нивните заедници. ” Тој исто така истакна дека: “Целтта на УСАИД е зајакнување на комуникацијата и соработката помеѓу граѓаните и оние на кои тие им служат, како и поддршка на Граѓанските организации ефикасно да се вклучат со јавните институции и засегнатите страни.”

Проектот за граѓанско учество е имплементиран од страна на Ист Вест Менаџмент Институт (East West Management Institute- ЕWMI), во партнерство со четири граѓански организации: Фондацијата за интернет и општество “Метаморфозис”, Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ), Фондацијата Отворено општество- Македонија (ФООМ), и Националниот младински совет на Македонија (НМСМ). Ист Вест Менаџмент Институте независна непрофитна организација која работи на зајакнување на демократските општества преку здружување на власта, граѓанското општество и приватниот сектор да изградат одговорни, кадарни и транспарентни институции кои им служат на граѓаните и работат за нивно добро.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП