21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗасилени контролите на трговијата со месо по пратката во Бар од 1982...

Засилени контролите на трговијата со месо по пратката во Бар од 1982 година

meso2v

Агенцијата за храна и ветеринарство ги засили инспекциските контроли на официјалните ветеринари на граничните премини по добиената информација дека во пристаништето во Бар во Република Црна Гора е пристигната пратка со замрзнато месо од 1982 година.

Засилени се и контролите со трговијата со месо и преработки и подготовки од месо и на домашниот пазар.

Апелираат непотребно да не се создава паника дека месо од ваквата пратка ќе дојде до македонскиот пазар. Месото, подготовките и преработките од месо кои се продаваат во Македонија се безбедни, без оглед дали станува збор за производи од домашно производство или од увоз.

Увозот на месо и производи од се врши исклучиво од одобрени земји и објекти за увоз, задолжително се пропратени со ветеринарно здравствен сертификат со кој се гарантира безбедноста на пратката, а инспекциските служби на Агенцијата на граничните премини вршат задолжителна контрола на секоја увозна пратка. Покрај задолжителниот преглед на документацијата, се врши и физички преглед на пратките, а при сомнеж и при реализација на мониторинг програмите се земаат и мостри за лабораториско испитување. За ваквите пратки не се дозволува увоз во земјава, односно пратките се ставаат под надзор, се додека не се добијат резултатите од направените лабораториски анализи со кои се потврдува нивната безбедност.

Апелираат до граѓаните и до операторите со храна, доколку имаат сознанија дека небезбедно месо или било кој друг производ се наоѓа на домашниот пазар истото да го пријават писмено или лично во Агенцијата за храна и ветеринарство, како и на бесплатниот телефонски број 0800 3 22 22 или на електронската адреса на Агенцијата за храна и ветеринарство [email protected].

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП