6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРекордната жетва во Русија создава потенцијал за извоз на 45 милиони тони...

Рекордната жетва во Русија создава потенцијал за извоз на 45 милиони тони жито

zito993

Жетвата на жито во Русија од 117 милиони тони создава потенцијал за извоз на 45 милиони тони во оваа година, изјави шефот на одделот за растенија во руското министерство за земјоделство Пјотр Чекмаров, цитиран од агенциите.

Тој го рече тоа на Вториот светски жито форум, отворен во Сочи.

Според него до 2050-та година жетвата на жито во Русија може да достигне 205 милиони тони.

Пред тоа министерот за земјоделство Александар Ткачов изјави дека овогодинешната реколта од 117 милиони тони жито е рекордна за последните 38 години, соопштија светските агенции.

Во 2015-та година жетвата на жито во Русија беше 104,8 милиони тони, а се извезени 33,9 милиони тони жито. Рекордна била бербата во 2008-ма година, кога биле собрани 108,1 милиони тони жито.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП