23 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСе уште нема негативни ефекти од Brexit, стабилен раст на БДП-то во...

Се уште нема негативни ефекти од Brexit, стабилен раст на БДП-то во ЕУ

eu-money-640x480

Стапката на раст на бруто домашниот производ (БДП) на Европската унија (ЕУ) во третиот квартал била со стабилен раст, односно 1,8 отсто, а на крајот од третиот квартал на 2016-та година вкупниот БДП во Унијата е зголемен во споредба во истиот период од лани за 1,8 процети, а во еврозоната со 1,06 отсто.

Според објавените податоци, во Велика Британија, пак, на годишна база БДП-то се зголемил од 2,1 во вториот квартал на 2,3 отсто во третиот квартал. Ова се објаснува со фактот дека негативните ефекти од Brexit уште не се случиле, бидејќи Лондон се уште не го поднел барањето за напуштање на Унијата, а девалвацијата на фунтата се случи поради зголемување на конкурентноста на британската стока.

Меѓу големите земји од Еврозоната, продолжува да води Шпанија, при што нејзината економија порасна за 3,2 отсто. Стабилна состојба има и во балтичките земји и Финска. Во Литванија БДП-то порасна на годишна основа за 1,6 отсто, во Финска за 1,4 процент, во Естонија за 1,3 отсто, а во Летонија со 0,7 отсто.

Од оние земји од Еврозоната кои беа во криза, економија на Кипар расте со 2,8 отсто, како и Португалија со 1,6 процент, а Грција, пак, достигна раст 1,5 отсто. Кај трите најголеми економии во Еврозоната, темпото на растот е стабилно, односно растот кај Германија е 1,7 процент, во Франција е 1,1 отсто, а во Италија тој раст изнесува 0,9 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП