15 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОБСЕ донираше комјутери на Бирото за јавна безбедност

ОБСЕ донираше комјутери на Бирото за јавна безбедност

%d0%be%d1%81%d1%86%d0%b5

Мисијата на ОБСЕ во Скопје донираше 18 „HP“ десктоп компјутери и 18 „HP“ монитори на Бирото за јавна безбедност.

Донацијата на директорот на БЈБ, Митко Чавков во просториите на Министерството за внатрешни работи ја предаде Виктор Соцки, в.д. раководител на Отсек за развој на полиција при Мисијата.

Оваа донација е дел од поопшта заедничка активност, спроведена согласно договорениот список на активности извршени во рамки на унифицираниот буџет на Мисијата на ОБСЕ во Скопје за 2016 година, која цели кон институционално зајакнување на капацитетите во рамки на структурите на МВР во областа на криминалистичка анализа и споделување разузнавачки информации. Заедно со досегашните завршени активности од Националната и регионална проценка на закани од сериозен и организиран криминал (SOCTA), оваа активност го надополнува и придонесува за идниот модел на Полициска работа водена од разузнавање во земјата.

Оваа активност е уште еден пример на плодната и ефективна соработка меѓу Мисијата на ОБСЕ и МВР.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП