12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАWall Street: Индексите пораснаа, Fed наскоро ќе ги зголеми каматите

Wall Street: Индексите пораснаа, Fed наскоро ќе ги зголеми каматите

wall-street1

Цените на акциите на Wall Street пораснаа, особено на онiе во финансискиот сектор, откако преседателката на Fed, Џенет Јелен порача дека каматите во блиска иднина ќе бидат покачени.

Dow Jones порасна за 0,19 отсто, на 18.903 бодови, додека S&P 500 порасна за 0,47 отсто, односно на 2.187 бодови, a Nasdaq индексот 0,74 отсто, на 5.333 бодови.

S&P 500 и Dow Jones индексот го достигнаа највисокото ниво во историјата, откако цените на акциите се зголемија на шест од 11-те најважни сектори на индексот S & P 500, а најмногу 1,3 проценти во финансискиот сектор.

Подемот во овој сектор е благодарение на очекувањата дека централната банка на САД во декември ќе ги зголеми клучните каматни стапки. Трговците на пазарот на пари процениле дека шансите за тоа да се случи надминуваат 80 проценти.

Серијата на нови макроекономски индикатори укажуваат на тоа дека најголемата светска економија постојано се зголемува, и дека ситуацијата на пазарот на трудот дополнително се подобрува, но, исто така се очекува да се зајакне и инфлација.

На пазарот позитивно влијаеја и добрите квартални оперативни резултати за неколку компании.

Но сепак, инвеститорите беа разочарани од анемичен резултати WalMart, па така акциите на светскиот малопродажен ланец опадна за повеќе од 3,5 одсто.

“Мислам дека добрите финансиски резултати на неколку компании, заедно со позитивните економски показатели, го потикнаа растот на пазарот”, изјави Janna Sampson директорка на компанијата OakBrook Investments.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП