8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДобар почеток, но има уште предизвици пред банкарскиот надзор во ЕУ

Добар почеток, но има уште предизвици пред банкарскиот надзор во ЕУ

ecb-3355

Единствениот надзорен механизам на Европската централна банка (ЕЦБ) започна добро, но има некои предизвици со кои треба да се соочи. Ова се наведува во извештај на „ЕСП“.

Ревизорите стравуваат дека сепак се потребни уште вработени во централната банка, за да бидат исполнети поставените цели.

Единствениот надзорен механизам беше формиран во 2014-та година, потсетуваат од Судот на ревизори. Целта е да им помогне на националните супервизори. Во моментов банкарскиот надзор на „ЕЦБ“ одговара директно за најважните 120 банкарски групи во еврозоната.

Во екипите кои се ангажирање за реализирање на надзорот, се вклучуваат многу малку вработени на „ЕЦБ“. Проверките во повеќето случаи се водат од органот одговорен за надзор на банката во земјата на потекло, пишува во извештајот на европските ревизори.

Препораката на институцијата е „ЕЦБ“ да обезбеди пропорционално учество на своите вработени при проверката на место и од далечина.

Судот на ревизори посочува уште дека при слаб банкарски надзор, банките преземат прекумерни ризици со недоволни капитални и ликвидни амортизери и прекумерен кредитен раст. Ова создава предуслови за банкарска криза и доделувањето на значителна јавна поддршка за банкротираните банки.

Доделувањето на средствата пак е поврзано со повисок државен дефицит и јавен долг и на крајот и до криза со државниот долг, дополнуваат ревизорите.

Надзорниот механизам е суштински дел од банкарската унија на ЕУ, чија цел е да се направи работата на банките во заедницата потранспарентна и посигурна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП