7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗабави побарувачката за гас во светот

Забави побарувачката за гас во светот

1909652073582d8af432d29113669124_w640

Се очекува дека светската побарувачка за природен гас ќе се зголеми и во 2017 година, но помалку отколку во последните години.

Министерот за енергетика на Катар, Мохамед Салех ал Сад го изјави тоа во Дoха, пред почетокот на министерскиот состанок Фoрум на земјите извозници на гас (GECF), на кој според него треба да се разгледа „долгорочната стратегија“ на таа организација.

„Добра вест е што 2015 година побарувачката за природен гас порасна за 1,9 проценти, што е повеќe од двојно отколку во 2014 година“ додаде Сад.

„Се очекува дека побарувачата ќе продолжи да расте и следната година, но со побавно темпо“, изјави тој.

Катар е најголемиот светски извозник на течен природен гас (LNG).

Организацијата GECF има 12 членки, вклучувајќи ги и Русија, Катар, Иран и Алжир, и обезбедува повеќе од 40 проценти од потребите на светот за природен гас.

За разлика од Организацијата на земјите извознички на нафта OPEC, GECF не одлучува за производните квоти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП