25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДржавата додели субвенции за соларни панели

Државата додели субвенции за соларни панели

347401-objaven-oglas-za-subvencioniranje-na-troshocite-za-sonchevi-kolektori

Над 620 домаќинства во Македонија добија субвенции за инсталирање на сончеви колекторски системи.

Министерството за економија го објави списокот на добитници по пат на јавно извлекување. Државата покрива 30 % од инвестицијата или најмногу до 300 евра од трошокот.

Проектот се спроведува речиси секоја година, од 2007 па наваму, и на овој начин се субвенционирани 3.612 домаќинства со вкупно 46 милиони денари.

Во 2016 година за оваа намена се потрошени 6 милиони денари, додека во буџетот за 2017 предвидени се рекордни 16 милиони денари, со што бројот на домаќинства ќе се зголеми.

Македонија е една со земјите со најмногу сончеви денови и совршени услови, како и со огромен потенцијал за искористување на обновливите енергии, но уште ништо конкретно не се прави на таа тема.

Топ пет држави со светот за производство на електрична енергија преку фотоволтаични колектори се: Германија, Кина, Јапонија, Италија, САД.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП