27 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАCinedays: Германскиот филм „Тони Ердман“ и историската драма „Рај“ пред скопската публика

Cinedays: Германскиот филм „Тони Ердман“ и историската драма „Рај“ пред скопската публика

toni-erdman3

Овој петок на Cinedays носи нови филмски доживувања меѓу кои германскиот филм „Тони Ердман“ на режисерката Марен Аде, кој е во трка за „европскиот оскар“ и историската драма „Рај“ на Андреј Кончаловски, за која тој ја освои „Сребрената палма“ за режија на филмскиот фестивал во Венеција.

Во кино Фросина е и филмот „Од онаа страна“ на Зринко Огреста кој освои седум Златни арени на Филмскиот фестивал во Пула, меѓу кои за најдобар филм и најдобра режија, а главниот актер Лазар Ристовски за најдобар актер.

Во рамките на придружната програма од 18 ти до 20 ти секој ден во МКЦ, во 11 часот ќе се одржуваат работилници за продукциски дизајн со уметничките директори, Сара Холдрен и Лора Бишоп.

Во сабота ќе бидат прогласени најдобрите во Официјалната селекција и СинеБалкан.

Фестивалот се затвора со проекција на филмот „Устав на Република Хрватска“ на Рајко Грлиќ во кој копродуцент е и Македонија. Во Скопје ќе бидат и српските актери Небојша Глоговац и Дејан Ачимовиќ. Инаку, меѓу другите во филмот глуми и нашата Јелена Јованова, а музиката е на Дуке Бојаџиев.

Вечерта е резервирана за уште еден спектакл – холивудската мега ѕвезда Елајџа Вуд, човекот што веројатно најмногу е познат по улогата на хобитот Фродо во трилогијата „Господарот на прстените“, доаѓа во Скопје и на 19 ноември и ќе одржи концерт со музичкото дуо во кое членува, Wooden wisdom.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП