16 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПочна откупот на тутунот

Почна откупот на тутунот

tutuniiite

Вториот ден од почетокот на предвремениот откуп во прилепско, е ветувачки за тутунопроизводителите, а и за откупувачите. Родот е квалитетен, а и квалитетот се врши согласно квалитетот, констатираа од Министерството за земјоделство, кои го посетија откупниот пункт на „Алијанса-Кавадарци“.

Во предвремениот откуп на тутунот вклучени се три откупни компании од вкупно десетте, кои ги исполнуваат законските предвидени услови за откуп. Останатите седум треба да се вклучат идната недела.

Годинава се очекува да бидат откупени 20 илјади тони тутун, наспроти побарувањата од 26 илјади, заради што тутунопроизводителите се надеваат на повисоки цени од ланските.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП