19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАAllWeb – конференција за предизвиците во дигиталниот маркетинг

AllWeb – конференција за предизвиците во дигиталниот маркетинг

allweb-digital-marketing-conference-macedonia

Петтата конференција AllWeb, на која ќе бидат опфатени теми како што се: дигитална трансформација, оптимизација на огласување, креирање содржина, медиумски навики, кризно комуницирање, анализа на публиката и развој на пазар, ќе се одржи во петок во Скопје.

Организаторите најавуваат нови, квалитетни говорници кои ќе се осврнат на иднината и предизвиците во дигиталниот маркетинг.

Првиот говорник кој ќе ја има честа да ја започне AllWeb конференцијата ќе биде добитничката на Еми награда за дигитален маркетинг и поранешен директор во Еделман, Моторола и Таргет Маркет, Благица Ботиљеро.

Според програмскиот директор на AllWeb Дарко Булдиоски, обезбедено е присуство и на останати искусни стратези кои зад себе имаат сработено многу. Еден од нив е Ерик Меијер од Дојче Телеком.

„Освен луѓе од сферата на маркетингот, темите ќе привлечат внимание и кај извршните директори и менаџери, но и кај сите на кои бизнисот им зависи од начинот на комуникација со пошироката јавност“, вели Булдиоски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП