27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИШтрајкот на работниците во Lufthansa неоснован

Штрајкот на работниците во Lufthansa неоснован

lufthansa1

Германската компанија „Lufthansa“ денес соопшти дека штрајкот на работниците за платите, втор во последните два месеци, е потполно неоснован, откако се откажани повеќето летови.

„Овој штрајк е бесмислен, особено имајќи предвид дека уште претходно се договорени датумите за преговори во врска со платите“, изјави портпаролот на „Lufthansa“, пренесува агенцијата Ројтерс.

Од компанијата е соопштено дека само 32 авиони полетале од првично планираните 1.700.

Летовите до и од Лондон, Манчестер, Бирмингем, Њукасл, Глазгов, Даблин, Абердин и Единбург се откажани, а во „погодените“ аеродроми влегуваат и Франкфурт, Минхен, Дизелдорф и Хамбург.

На кратки релации ќе полетаат 20 авиони, од планираните 1.650, а на долги 12 од планираните 73.

Персоналот побара еднодневен штрајк бидејќи не е задоволен со платите.

„Lufthansa“ минатата седмица ги отфрли барањата на синдикатот за зголемување на платите од 5,2 проценти во наредните 12 месеци, потсетува БиБиСи.

Штрајкувачите, исто така, бараат гаранции во однос на работните места.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП