18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонската царина иницира заеднички акции за сузбивање на криминалот во ЈИЕ

Македонската царина иницира заеднички акции за сузбивање на криминалот во ЈИЕ

%d1%86%d0%b0%d1%80%d0%b8%d0%bd%d0%b0

Делегација на Царинска управа на Република Македонија, предводена од директорката, присуствуваше на 13-от состанок на Советот на Југо-источниот европски центар за спроведување на законот (SELEC), што се одржа во четврток во Букурешт, Романија.

На настанот се одбележа пет годишнината од постоењето на SELEC како меѓународно тело за борба со криминалот и центар за регионална соработка на полициите и царините од 12 балкански држави (Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Македонија, Грција, Унгарија, Молдавија, Црна Гора, Романија, Србија и Турција), а за прв пат од своето постоење има генерален директор од Република Македонија.

За време на состанокот беа презентирани постигнатите резултати на SELEC во текот на пет годишното работење, плановите за работа во иднина, како и предизвиците со кои континуирано се соочуваат земјите членки.

Царинската управа на Република Македонија има секојдневна успешна соработка во рамките на SELEC, а се работи и на продлабочување на соработката преку зголемена размена на информации и иницирање на заеднички акции за сузбивање на криминалот во регионот на Југоисточна Европа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП