27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМеркел: Договорот TTIP нема да биде склучен

Меркел: Договорот TTIP нема да биде склучен

1734135628582de15f24b9a137505084_w640

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека Договорот за слободна трговија (TTIP) за кој преговараат ЕУ и САД нема да биде склучен, пишува АФП.

„ Отсекогаш силно го поддржував трговскиот договор со САД. Остваривме голем напредок во преговорите, но тој сега нема да биде склучен“, изјави Меркел по разговорот со претседателот во заминување на САД, Барак Обама, кој е на проштална турнеја низ Европа.

Меркел изрази уверување дека двете земји еден ден ќе се вратат на договорот за Трансатланска трговија и инвестициско партнерство (TTIP).

Вчера Меркел заедно со Обама, изјави дека германските и американските работници, работодавци, потрошувачи и земјодели дефинитивно ќе имаат корист од тој договор, а нејзиниот најнов коментар доаѓа откако на претседателските извори во САД победи републиканецот Доналд Трамп, кој во повеќе наврати ги критикуваше договорите за меѓународна трговија, бидејќи како што тврди тој, тие претставуваат закана за работните места во САД.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП