1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНаоѓалиште од барем 900 милијарди долари

Наоѓалиште од барем 900 милијарди долари

naogjaliste33

Геолошката служба на САД соопшти дека во земјата е отворено најголемото наоѓалиште на нафта и гас во историјата на Америка, пренесува „Forbes“.

Тоа се наоѓа во американската држава Тексас, во „Wolfcamp“, а според геолозите очекуваните резерви се проценуваат на 20 милијарди барели нафта, 16 илјади милијарди кубни метри гас и 1,6 милијарди барели гас концентрат.

Само полињата од нафта, според просечната цена во моментов на американската лесна сурова нафта од 45 долари за барел, се проценуваат на 900 милијарди долари. Полињата во „Wolfcamp“ сепак можат да достигнат и до 75 милијарди барели нафта, прогнозира главниот извршен директор на „Pioneer Natural Resources Co.“, Скот Шефилд што би направило наоѓалиштето второто најголемо во светот, по Гавар кое се наоѓа во Саудиска Арабија.

Наоѓалиштето, кое е под пустината во западен Тексас, е барем три пати поголемо од претходното најголемо во САД – „Bakken Play“ во Северна Дакота. Токму таму, според последните податоци, е забележана една од најниските стапки на невработеност во земјата, која денес изнесува околу 3%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП